ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,5 отсто

Bez autora
May 19 2014

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува растот на македонската економија во 2014 година да зајакне и да изнесува 3,5 отсто, а ставовите на финансиската институција за состојбите во макроекономијата се многу блиски со оние на македонските власти. Ова беше истакнато во понеделникот на прес конференција во Скопје по повод завршувањето на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, која траеше две недели. Порастот на македонскиот БДП во 2014 година се чини остварлив. Зголемувањата на бројот на вработени и зголемени е плати во јавниот сектор и пензиите ќе ја поддршат потрошувачката, а инвестиците ќе бидат покрената од крупни прокети во инфраструктурата, рече шефот на мисијата на ММФ, Ивана Влаткова Холар.

ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,5 отстоМеѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува растот на македонската економија во 2014 година да зајакне и да изнесува 3,5 отсто, а ставовите на финансиската институција за состојбите во макроекономијата се многу блиски со оние на македонските власти.

Ова беше истакнато во понеделникот на прес конференција во Скопје по повод завршувањето на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, која траеше две недели.

„Порастот на македонскиот БДП во 2014 година се чини остварлив. Зголемувањата на бројот на вработени  и зголемени е плати во јавниот сектор и пензиите ќе ја поддршат потрошувачката, а инвестиците ќе бидат покрената од крупни прокети во инфраструктурата “, рече шефот на мисијата на ММФ, Ивана Влаткова Холар.

Таа констатираше дека надворешната побарувачка расте, а најголем ризик за македонската економија останува можноста да забави растот во развиените европски земји кои што се главни трговски партнери на земјата, но и евентуалниот пораст на некои суровини, како на пример нафтата што се увезува во Македонија.

Влаткова Холар сугериреша дека фискалната политика треба да се фокусира на одржување на таргетот за буџетскиот дефицит од 3,5 отсто од БДП, што е од особена важност за да се задржи одржливоста на долгот.

Мисијата на ММФ оцени дека монетарната политика е добро поставена кон одржувањетро на фиксниот курс и ценовната стабилност и не препорачува натамошно олабавување на монетарната политика. Монетарците дури сметаат дека би требало да се зголеми референтната каматна стапка доколку има притисок врз девизните резервни.

Според  Влаткова Холар пазарот на труд останува отворено прашање и намалување на невработеноста треба да се врши преку поттикнување на соработката меѓу странските и домашните компании, како и да се применат нови вештини и технологии.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески констатираше дека ставовите на мисијата на ММФ и на македонската влада се речиси идентични во однос на поставеноста на макроекономските политики и изгледите за растот на македонската економија

„Македонската економија има добар тренд на пораст. Минатата 2013 ја завршивме со 3,1 процент, а за годината очекувањата се дека тој ќе стигне до 3,5 проценти, што е над првичните проценки вметнати во Буџетот од  3,2 проценти“, изјави Ставрески.

Тој оцени дека растот на македонската економија ќе биде добро избалансиран меѓу инвестициите и потрошувачката.

„Инвестициите главно ќе бидат поддржани со крупните инфраструктурни проекти, а зголемувањето на платите во јавната администрација и пензиите ќе ја ќе ја стабиизираат личната потрошувачка и тоа ќе биде основа за поизбалансиран раст во текот на оваа и следните години“, истакна вицепремиерот.

Тој изрази уверување  фискалната политика е добро поставена и дека владата е подотвена со своите политики да го одбрани проектираниот дефицит од 3,5 проценти.

„Буџетскиот дефицит ќе се финансира со комбинација на домашно и надворешно задолжување, при што ќе ги имаме в предвид движењата на пазарот на капитал. Во моментот тие се поволни“, рече Ставрески
И гувернерот на НБРМ, Димитар Богов се согласи дека централната банка и ММФ имаат слични видувања за трендовите во македонската економија

„Монетарната политика ќе продолжи да се фокусира на стабилноста на девизниот курс на денарот и оти заедно со фискалната политика ќе биде фокусирана да ја одржи македонската економија во рамнотежа“, рече Богов

Тој информираше дека нивото на девизните резерви во последните 30 дена има тренд на пораст и дека се очекува така да  продолжи во наредниот период, со оглед дека престои период од сезонски аспект кои ги зголемуваат девизните резерви.

„Нашето видување дека оној пад на девизните резери кој беше очекуван во првиот квартал од годината е зад нас и сега имаме поволен тренд“, истакна Богов.

Тој додаде дека монетарната политика ќе биде сега внимателно насочена кон одржување на рамнотежата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik